Македонија
2. March 2021 - 10:52

Приведен дилер на кокаин од Куманово

Полициски службеници привеле кумановец, откако кај него е пронајден кокаин, соопшти денеска МВР.

– На 28 февруари 2021 година во 21:30 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода С.Г.(30) од Куманово затоа што при преглед кај него бил пронајден кокаин, се наведува во соопштението на Министерството.

Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.