Македонија
28. July 2020 - 11:14

Приведен албански државјанин на ГП „Долно Блаце“ баран по потерница

На 27.07.2020 во 17.30 часот на Граничен премин „Долно Блаце“, полициски службеници го привеле M.С.(22) од Р Албанија бидејќи при извршени гранични проверки било констатирано дека се наоѓал на листата со мерка „Апси“, по барање на Интерпол од Белгија.

Лицето било  предадено на полициски службеници од СВР Скопје за понатамошна постапка.