Македонија
3. November 2020 - 15:42

Приведен 21-годишен скопјанец за издржување затворска казна

Полициски службеници од СВР Скопје, денеска го привеле скопјанецот А.Б. (21), поради тоа што бил баран со потерница за издржување на затворска казна.

-На 03.11.2020 година во 12:00 часот, полициски службеници од СВР Скопје, го привеле А.Б. (21) од Скопје, поради тоа што бил баран со потерница за издржување казна затвор за извршено кривично дело по чл.236 ст.1 од Кривичниот законик на Република Македонија, соопштија денеска од МВР.

Лицето е спроведено во Казнено-поправна установа Затвор Скопје.