Македонија
23. November 2024 - 16:45

Приватните превозници ќе се вклучат во сообраќај од понеделник, но бараат зголемување на тарифникот

Приватните превозници од понеделник ќе се вклучат со автобуси во градскиот превоз но не со цел капацитет. За да ги активираат сите 200 автобуси бараат од градоначалничката и советниците да најдат решение за зголемување на цената по изминат километар за 40 отсто колку се зголемени давачките за живот.

До сега тие возеа само со мал дел од автобусите и во одреден период од денот бидејќи кон нив не се исплатени долговите.

Проблемите со јавниот превоз ескалираа откако автоубисте на ЈСП останаа без нафта поради запрената јавна набавка. Владата им отстапи дериват од државните резерви со што ќе има доволно само за следната седмица да работат. Премиерот вчера најави дека има можност за набавка на нови електрични автобуси.

За хаосот со јавниот превоз во Скопје опозицијата ги обвинува премиерот и ВМРО ДПМНЕ.

Поради дводневниот колапс на јавниот превоз и постојаното доцнење на автобусите, вчера пред град Скопје протестираа студентите, средношколците и жители на Шуто Оризари кои велат дека  две години се лишени од услугите на ЈСП.