Бизнис
22. October 2015 - 20:26

Пристигнати 90 апликации за користење грантови преку фондот за иновации

Македонските компании имаат иновативни идеи. Дури 90 апликации на пристигнале на огласот кој го објави Фондот за иновации. Заклучно со вчера кога истече рокот за поднесување барање за парите од Фондот, 56 комапнии аплицирале за грантот за старт ап и спин оф претпријатија, 25 за комерцијализација на иновации и 9 за трансфер на технологии.  Во текот на ноември сите апликации ќе бидат разгледани и ќе бидат одобрени средствата.

Ова е втор оглас на Фондот за иновации и технолошки развој на кој ќе бидат распределени  неповратни 1,3 милиони евра.

За финансирање на старт ап и спин оф комапнии буџетот изнесува 300 илајди евра. 

За комерцијализација на иновации ќе бидат распределни 600.000 евра, а за трансфер на технологии 400.000 евра.

На претходниот оглас на Фондот беа избрани 16 старт ао и спин оф комапнии кои поделија вкупно 460.000 евра.