Македонија
4. May 2021 - 21:15

Пристигнаа вакцини од Фајзер, помош од ЕУ - Почна масовната вакцинација низ земјава

Над четири и пол илјади дози Фајзер пристигнаа во земјава. Станува збор за донација од Европската унија, наменета за земјите од Западен Балкан меѓу кои и Македонија. Овој гест, премиерот Зоран Заев го оцени како важна порака за европска солидарност. Упати и апел граѓаните да се вакцинираат.

На брз процес на инунизација во земјава се надева и еврокомесарот Вархеји.

Според најавата од ЕУ до крајот на август во земјава треба да пристигнат 119 000 вакцини, од кои 15 000 до крајот на месецов.

Инаку гужви и редици имаше и денеска пред и во салата „Борис Трајковски“ на првиот ден од масовната имунизација. Со кинески Синофарм, вакцини кои пристигнаа во петокот, се имунизираа вработени во образованието кои ќе бидат ангажирани за спроведување на државната матура. Вакцинацијата се одвива и во 6 други градови. Податоците на Министерството за здравство покажуваат дека досега вакцина против Ковид во земјава примиле 61.600 граѓани, а интерес за вакцинација пројавиле над 218.500 лица.