Македонија
13. April 2021 - 12:32

Пристигнаа кинеските вакцини

Кинеските 2000 дози од Синофарм кои се донација од Обединетите Арапски Емирати, синоќа од Софија беа транспортирани до спортскиот центар „Борис Трајковски“ каде веќе се одвива масовната имунизација.

Со нив ќе бидат имунизирани граѓани согласно возрасните групри следејќи го планот за вакцинација што го утврди Министерството за здравство.

Денеска завршува вакцинирањето на критичните групи со вакцините на Спутник, кои пак беа донација од Србија.