Македонија
24. February 2021 - 20:13

Пристигна нова пратка од српската донација вакцини, Владата денеска одлучува по договорот Спутник

3510 дози на Фајзер пристигнаа од Србија. Српскиот министер за здравство на Граничниот премин Табановце му го предаде пакетот на македонскиот колега, Филипче.

Здравствените власти се уште го чекаат драфт договорот од Фајзер. Се поизвесно е дека до крајот на месецот нема да пристигнат ветените 5850 дози од оваа компанија. Филипче вели дека причина за тоа е намаленото производство, но во првата пратка се очекува поголема количина од иницијалната.

Добиен е драфт договорот за Спутник. Владата на седница ќе го разгледа, по што ќе се знае дали ќе се набават 100.000 дози од оваа вакцина.

Српскиот министер Лончар не сакаше да открие колку државата досега издвоила за набавка на вакцините поради клаузули во договорите, но вели дека во моментот многу тешко може да се дојде во вакцини.

Епидемиолошката слика во државата се влошува. Филипче вели дека не се исклучува можноста за нови рестриктивни мерки на државно или на локално ниво.

Досега вакцинирани се повеќе од 1.500 здравствени работници.