Пристигна донацијата од Унгарија: 6.000 дози вакцини за имунизација на Граничната полиција при МВР
Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска на граничниот премин Меѓународен аеродром „Скопје” ја пречекаа делегацијата предводена од министерот за надворешни работи и трговија на Унгарија Петер Сијарто, кој ја предаде донацијата од 6.000 дози вакцини против коронавирусот (Ковид-19), како пријателски чин на Владата на Република Унгарија.
Министерот Спасовски по предавањето на донацијата рече дека вакцините се наменети за имунизација на припадниците на Министерството за внатрешни работи, поточно за Граничната полиција, која што согласно надлежностите и обврските е во поголема мерка изложена на предизвиците од актуелната глобална пандемија со Ковид-19.
„Во име на Владата на Република Северна Македонија, во свое и во име на сите вработени во Министерството за внатрешни работи сакам да изразам благодарност за донацијата која што денеска ја врачи Неговата Екселенција министерот Петер Сијарто. Сакам да истакнам дека досега, како Министерство, успеавме да организираме имунизација на над 1.500 наши припадници на полицијата, а со тој процес на имунизација ќе продолжиме и понатаму врз основа на планот што е изготвен во Министерството за внатрешни работи и во Министерството за здравство. Ова е уште една можност преку ваков пријателски чин да испратиме силна порака за взаемна соработка и пријателство“, посочи Спасовски.
Министерот Спасовски и во оваа прилика аплелираш до сите граѓани на Република Северна Македонија да пристапат кон вакцинација поради тоа што, како што истакна тој, само на таков начин ќе можеме до крај да се справиме со пандемијата со ковид-19 и да се вратиме во нормалното живеење. Бидејќи ако самите не се грижиме за сопственото здравје, за нашето семејство, околината тогаш многу потешко ќе биде справувањето со пандемијата и ќе бидеме изложени на дополнителни рестриктивни мерки.
Во тоа име, министерот Спасовски при преземањето на донацијата уште еднаш изрази благодарност до Владата на Унгарија и повика на масовна вакцинација.
Ново на Сител
-
Во БиХ уапсени три лица кои барале пари за информација за исчезнатото девојче во Србија
-
Продолжуваат предизборните коалицирања
-
Марш на трансродовите лица
-
Во Собранието седница на Комисијата за одбрана и безбедност
-
Најмалку 38 лица загинаа во израелските напади врз сирискиот град Алепо
-
Над 20 луѓе повредени во сообраќајна несреќа во Германија
-
Мериленд доби помош од 60 милиони долари по уривањето на мостот во Балтимор
-
Сончево и топло со мала локална облачност