Бизнис
19. March 2020 - 16:54

Принуден одмор за речиси 6.000 работници во странска компанија

Вработените од фабриката за автомобилски делови „Кромберг и Шуберт“ која во моментoв има околу 5800 вработени ќе одат на колективен одмор од најмалку две недели, потврдуваат од секторот за човечки ресурси од оваа компанија. Производството запира во оваа фабрика затоа што заради актуелната состојба со коронавирусот, затворија нивните клиенти во Германија и Шпанија за кои произведуваат.

Од „Кромберг и Шуберт“ велат дека овие две недели колективен одмор ќе бидат платени, а што ќе се случува понатаму зависи како ќе се одвива состојбата со коронавирусот.

Изминатиот период имаше и отпуштања, за кои од компанијата не информираат дека дел се заради намалениот обем на работа, додека другиот дел се отпуштање како резултат на  нормалното вршење евалуација.

Оваа германска инвестиција која е отворена пред седум години во Индустриската зона „Жабени“ во близина на Битола е компанија со најголем број вработени во регионот, каде работат, не само граѓани од Битола, туку и од околните градови.