Принцот Хари нема да молчи повеќе: Погледнете што забранува да облече Меган

Војвотката Меган Маркл и принцот Хари се подготвуваат за кралска обиколка на Австралија оваа есен, што подразбира и подготвување на облека за патувањето. Меѓутоа, во куферот на Меган овој пат нема да се најдат костуми.
Таа наводно му кажала на сопругот дека на еден вечерен настан на патувањето сака да носи костум од славната светска дизајнерка Стела Мекартни, но принцот тоа и го забранил со образложение дека таква модна комбинација не е во склад со традицијата.
Британските медиуми пишуваат дека Хари и забранил носење костуми на неговата избраничка поради тоа што неговата баба. кралицата Елизабете II, преферира жената да ја гледа во здолништа или фустани.
Иако во иднина Меган можеби нема да носи костуми, новата членка на кралското семејство порано тоа често го практикувала како моден избор.

Ново на Сител
-

Балканскиот рис исчезнува
-

Преглед на вестите од светот
-

Анализа: Дали кампањата меѓу двата круга може да го промени мислењето кај гласачите?
-

Тема на денот со Сотир Лукровски, кандидат на ВМРО ДПМНЕ за градоначалник на Карпош
-

Мицкоски и Филипче повикуваат на масовност во втор круг
-

Завршни пораки на кандидатите за градоначалници
-

На полноќ почнува изборниот молк, утре гласаат болните и изнемоштени лица и затвореници
-

Условна казна за вториот напаѓач на градоначалничката Арсовска
