Балкан
9. May 2018 - 14:55

Принцот Чарлс и војвотката Камила пристигнаа во Атина

 Со авион „Ројал ер форс“ (Royal air force), кралската брачна двојка принцот Чарлс и војвотката Камила попладнево пристигнаа во Атина.

Од атинскиот аеродром, принцот Чарлс и војвотката Камила, се упатија кон плоштадот пред грчкиот парламент за да положат цвеќе на споменикот на Незнајниот јунак.

Како што јави дописничката на МИА од Атина, Чарлс и војвотката Камила официјалната посета ќе ја започнат со посета на претседателската палата, каде што ќе бидат примени од грчкиот претседател Прокопис Павлопулос, а оттаму ќе се упатат на средба со премиерот на Грција Алексис Ципрас.

Во вечерните часови, грчкиот претседател во чест на кралската брачна двојка ќе приреди официјална вечера.