Македонија
20. September 2021 - 9:12

Примопредавање јапонска донација за поддршка на Националната опера и балет

Во фоајето на Националната опера и балет денеска напладне ќе биде примопредадена донација од грант на владата на Јапонија за поддршка на културата – Проект за подобрување на музичките инструменти, опрема за озвучување и осветлување за Националната опера и балет.

Донацијата се реализира во соработка со Јапонската организација за меѓународна соработка (JICA) во рамки на програмата за културни грантови.

Координацијата и испораката на оваа донација како странска помош беше спроведена преку Секретаријатот за европски прашања, заедно со Амбасадата на Јапонија во Македонија и Министерството за култура.
 
На прес-конференција по повод донацијата ќе се обрати вицепремиерот за еврпски прашања Никола Димитров, како национален координатор на странска помош, а ќе учествуваат и јапонскиот амбасадор Савада Хиронори, министерката за култура Ирена Стефоска, главниот претставник на JICA за Балканот – Такеичи Џиро и директорот на Националоната опера и балет, Васо Ристов.​