Фудбал
22. January 2017 - 9:58

Примера: Валенсија изненади во Виљареал

Валенсија славеше во локалното дерби кај Виљареал со 2:0 во рамките на викенд колото во Шпанија. Карлос Солер го постигна првиот гол во 34.минута по додавањето на Нани, а конечниот резултат го постави Санти Мина седум минути подцна, кога ја казни катастрофалната грешка на домашниот голман Асенхо.
 
Валенсија по 18 натпревари на кои примаше најмалку еден гол, успеа да ја сочува својата мрежа и воедно ја забележа втората победа во низа.
 
Алавес и Легањес освоија по еден бод откако одиграа 2:2.