Фудбал
15. April 2017 - 20:47

Примера: Триумф на Реал Мадрид во завршницата

Реал Мадрид го совлада Спортинг Хихон со 3:2 најмногу по заслуга на Иско кој реализираше двапати, вториот гол го постигна во последната минута од основните 90. За гостите во листата на стрелците се запиша и Алваро Мората, а головите за Спортинг Хихон кој водеше во два наврати ги постигнаа Дује Чоп и Микел Везга.
 
На отворањето на 32.коло во шпанската фудбалска Примера дивизија убедлива победа со 5:1 оствари Атлетик Билбао над Лас Палмас, а Депортиво Ла Коруња ја совлада Малага со 2:0. Атлетико Мадрид ја победи осасуна со 3:0
 
Во тек е дуелот Барселона – Сосиедад.
 
Утре играат:
Леганес – Еспањол,
Валенсија – Севиља, 
Бетис – Еибар и 
Гранада – Селта Виго.
 
Колото ќе биде комплетирано в понеделник со средбата меѓу Алавес и Виљареал.
 
Табела: Реал Мадрид 75 бода, Барселона 69, Атлетико Мадрид 65, Севиља 61, Виљареал 54, Атлетик Билбао 53,...