Фудбал
24. August 2015 - 7:59

Примера: Само бод за Реал Мадрид на стартот

Само еден бод освои Реал Мадрид во 1.коло од Примера откако на гостувањето кај Хихон одигра нерешено 0:0. Во текот на целиот натпревар избраниците на новиот тренер Рафа Бенитез се обидуваа да постигнат гол, но не најдоа решение за одбраната на Хихон. И домашните имаа неколку шанси но мрежата на Навас остана да мирува.

За разлика од Реал, Барселона победи на тешкото гостување во Билбао кај Атлетик со 1:0 со голот на Луис Суарез и делумно се реваншираше за неуспесите од Супер купот на Шпанија против оваа екипа.
 
Карактеристика на првото коло во Примера е слабата ефикасност - 8 голови на 9 натпревари.
 
Резултати од 1.коло:
Хихон - Реал Мадрид 0:0,
Атлетик Билбао - Барселона 0:1, 
Бетис - Виљареал 1:1,
Леванте - Селта 1:2, 
Рајо Ваљекано - Валенсија 0:0,
Атлетико М. - Лас Палмас 1:0,
Еспањол - Хетафе 1:0,
Депортиво - Реал Сосиедад 0:0,
Малага - Севиља 0:0.
Вечерва се игра последниот дуел Гранада - Еибар.