Фудбал
26. August 2017 - 9:20

Примера: Реал Сосиедад со три гола го испрати Виљареал

Противникот на Вардар во групата од Лига Европа шпанскиот тим Реал Сосиедад ја постигна и втората победа во новата сезона од Примера откако синоќа на домашен терен го победи Виљареал со 3:0 во дуел од второто коло. Трите голови домашната екипа ги постигна во првиот дел, а стрелци беа: Хозе Вилиан (25.минута), Прието (34) и Хуанми (45).
Реал Сосиедад по два натпревара има максимални шест бодови.
На вториот натпревар од 2.коло одигран синоќа Бетис ја совлада Селта со 2:1.
Денеска се играат четири натпревари:
Алавес - Барселона,
Жирона - Малага,
Леванте - Депортиво и
Лас Палмас - Атлетико Мадрид,
додека колото ќе биде комплетирано со утрешните четири дуели:
Еибар - Атлетик Билбао,
Еспањол - Леганес,
Хетафе - Севиља и
Реал Мадрид - Валенсија.