Фудбал
21. March 2016 - 7:57

Примера: Реал Мадрид без проблем со Севиља

Фудбалерите на Реал Мадрид синоќа остварија убедлива победа од 4:0 на домашен терен против Севиља на последниот натпревар од 30.коло. Со новите три бодови ја намалија разликата во однос на второпласираниот Атлетико Мадрид на само еден бод. Головите за „кралскиот клуб“ ги постигнаа: Карим Бензема (6.минута), Кристијано Роналдо (64.минута), Герет Бејл (66.минута) и Хесе (86.минута). Двете екипи не реализираа по еден пенал Гамиеро кај Севиља во 27.минута и Роналдо за Реал во 58.минута.
 
Резеултати од 30.коло: Реал Мадрид – Севиља 2:0, Валенсија – Селта 0:2, Виљареал – Барселона 2:2, Еспањол – Атлетик Билбао 2:1, Бетис – Малага 0:1, Депортиво – Леванте 2:1, Гранада – Рајо Ваљекано 2:2, Реал Сосиедад – Ла Палмас 0:1, Хихон – Атлетико Мадрид 2:1, Хетафе – Еибар 1:1. 
 
Табела: Барселона 76 бодови, Атлетико Мадрид 67, Реал Мадрид 66, Виљареал 54, Селта 48, Севиља 48, Атлетик Билбао 47,...