Фудбал
12. September 2015 - 8:57

Примера: Без победник во Леванте

Фудбалерите на Леванте и Севилја одиграа без победник 1:1 во првиот натпревар од третото коло во Примера. Двата тима по три кола сé уште немаат победа, имаат освоено по два бода и се наоѓаат на 13-то и 14-то место на табелата.
 
Севилја одигра добро прво полувреме по кое имаше предност со голот на Н’зонзи, што е негов деби гол во Примера.
 
Домаќното Леванте до израмнување стигна во 58.минута кога Виктор Камараса од непосредна близина го совлада Бето.
 
Инаку третото коло носи неколку интересни дуели меѓу кои се истакнува дербито кое ќе го одиграат Атлетико Мадрид и Барселона.