Фудбал
2. February 2016 - 8:12

Примера: Без победник на дуелот Депортиво - Рајо Ваљекано

Со натпреварот одигран синоќа меѓу Депортиво и Рајо Ваљекано кој заврши без победник 2:2 комплетирано е 22.коло од шпанската Примера.
 
Гостите двапати имаа предност, со головите на Николас Федор (8.минута) и Хозабед (23), но Депортиво успеваше да ја надополни негативата преку Лукас Перез (19) и Фаикал Фајр (46).
 
Со по еден освоен бод двата тима останаа на позициите на кои беа и пред ова коло. Депортиво е деветти со 30 бодови, а Рајо Ваљекано со 20 бодови е во зоната на испаѓање односно на 18.место. 
 
На останатите натпревари од оваа рунда одиграни претходно, беа постигнати овие резултати: 
 
Барселона – Атлетико Мадрид 2:1,
Еибар – Малага 1:2,
Хетафе – Атлетик Билбао 0:1,
Виљареал – Гранада 1:0,
Реал Сосиедад – Бетис 2:1,
Севиља – Леванте 3:1,
Валенсија – Спортинг Хихон 0:1,
Лас Палмас – Селта Виго 2:1 и 
Реал Мадрид – Еспањол 6:0.
 
Табела: Барселона 51 бод (-1 натпревар), Атлетико Мадрид 48, Реал Мадрид 47, Виљареал 44, Севиља 36, Атлетик Билбао 34, Селта Виго 34,...