Фудбал
5. April 2017 - 8:52

Примера: Без изненадувања на првите дуели од 30.коло

На првите три натпревари од 30.коло во шпанската Примера победи забележаа подобро пласираните екипи на табелата.
 
По еден гол им беше доволен на Атлетико Мадрид и на Виљареал да го освојат цел плен, додека Атлетик Билбао беше нешто поубедлив.
 
Резултати:
Атлетик Билбао – Еспањол 2:0,
Атлетико Мадрид – Реал Сосиедад 1:0 и 
Бетис – Виљареал 0:1.
 
Вечер играат:
Барселона – Севиља,
Алавес – Осасуна,
Депортиво Ла Коруња – Гранада,
Спортинг Хихон – Малага и 
Легањес – Реал Мадрид.
 
Колото утре ќе се комплетира со дуелите:
Еибар – Лас Палмас и 
Валенсија – Селта.
 
Табела: Реал Мадрид 68 бода, Барселона 66, Атлетико Мадрид 61, Севиља 58, Виљареал 51, Атлетик Билбао 50,..