Бизнис
5. October 2015 - 16:42

Примената на стандардите за енергетска ефикасност доцни

Енергетските пасоши  нема да ја зголемат цената на становите. Со новите измени во законот за градба, инвеститорите, за да добијат одобрение за градба ќе треба само да достават елаборат за енергетска ефиканост и нема  да имаат дополнителни трошоци, кои би довеле до поскапување на стабениот квадрат. Од комората на градежници велат дека дел  од инвеститорите и досега граделе енергетски ефиканси градби, само што тоа не било утврдено со закон.

Цената на елаборатот ќе зависи од големината на објектот кој се гради.

Енергетскиот пасош засега важи само за новите градби. За старите не важи се додека Македонија не влезе во Европската Унија.

Според анализите на градежната  комората, најголема е побарувачката на станови со големина од 50 до 70 квадратни метри.