Македонија
23. December 2018 - 13:53

Прилепчанец уапсен затоа што украл 500 евра од пошта

35-годишен прилепчанец со иницијали А.В. е уапсен поради кражба во пошта, каде одзел нешто повеќе од 500 евра.

„Полициски службеници од ПС Прилеп го лишија од слобода А.В.(35) од Прилеп и против него е поднесена кривична пријава заради извршено кривично дело разбојништво. На 13.12.2018 година околу 08.10 часот А.В.  во пошта на булевар „Гоце Делчев“ во Прилеп извршил разбојништво и одзел 35.600 денари. Од страна на судија од Основен суд Прилеп одредена му е мерка притвор од 30 дена“, соопштија од полицијата.