Македонија
21. February 2019 - 15:55

Прилепчанец фрлал кокаин од својот автомобил додека бегал од полицијата

36-годишен прилепчанец бил уапсен на 20 февруари зашто кај него бил пронајден кокаин.

Како што информираат од МВР, на булеварот Александар Македонски во Прилеп при обид да биде сопрено возило, 36-годишниот прилепчанец кој управувал со него се дал во бегство и низ прозорецот почнал да фрла кокаин.

Потоа го сопрел возилото и продолжил да бега со трчање, при што прескокнувајќи ѕид се здобил со повреди.

Прилепчанецот бил уапсен од полицијата и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.