Македонија
2. May 2017 - 16:43

Прилеп домаќин на 15-те ревијални пензионерски средби

Над 200 пензионери од: Прилеп, Битола, Крушево, Демир Хисар и Ресен зедоа учество на 15-тите по ред Ревијални пензионерски средби кои денеска се одржаа во Прилеп. На овие средби, пензионерите ги презентираа, преку песна и оро, фолклорните и традиционални обичаи од нивните краишта, со што, како што велат и самите, тие се обидуваат на еден суптилен начин да го зачуваат нашето богато, македонско културно наследство.
Ваквите дружби на луѓето од третото доба, редовно ги поддржува и прилепската Локална самоуправа, особено И заради тоа што прилепското Здружение на пензионери е едно од најстарите и најактивните вакви друштва во земјава.  
 
Петнаесетите Ревијални пензионрески средби се одржуваат во организација на Сојузот на пензионери на Република Македонија.