Македонија
8. January 2016 - 21:47

Пријавен грабеж во менувачница во центарот на Охрид

Непознати лица попладнево извршиле грабеж во менувачница во центарот на Охрид,

Менувачницата се наоѓа во приземјето на трговскиот центар „Амам“, на источната страна што излегува на улицата „Македонски Просветители“.

Засега не се познати детали околу бројот на лица инволвирани во грабежот.

Алармирана е полицијата, која во моментов е на терен и ги утврдува околностите под кои е извршен грабежот.