Македонија
26. October 2020 - 10:01

Пријавен физички напад врз 14-годишничка во Кавадарци од страна на врсничка

Физички напад врз малолетничка е пријавен во Кавадарци од страна на нејзина врсничка, информираше портпаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски.
 
– Во саботата во Полициската станица -Кавадарци И.К.(51) пријавил дека претходната вечер околу 22.30 часот на улицата „Илинденска“, неговата четиринаесетгодишна ќерка била физички нападната од нејзина врсничка, појасни Додевски.
 
Се работи на расчистување на случајот.