Македонија
29. November 2020 - 12:06

Пријава против 45 годишен маж поради производство и пуштање во промет на наркотични дроги

СВР Скопје поднесе кривична пријава против Р.С.(45) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“. На 02.04.2020 на улица „Македонска војска“ полициски службеници извршиле преглед над пријавениот и во патничко моторно возило „голф“ во кое се превезувал пријавениот, при што кај него била пронајдена марихуана. На 03.04.2020 бил извршен и претрес во домот на пријавениот, при што биле пронајдени и одземени марихуана, хашиш смола и дигиталната вага со остатоци од тетрахидроканабинол и кокаин.