Балкан
18. January 2022 - 10:58

Пријателите на Матеј раскажале две верзии: Што одговориле на прашањето „Зошто Матеј излегол од клубот Готик?“

„Доколку биде потребно, еден, два, седум разговори ќе направиме со пријателите на Матеј Периш“, велат од хрватската полиција.

Специјалниот тим од управата на полицијата во Хрватска во соработка со колегите од сплитско-далматинската полициска управа кон крајот на минатата седмица започнале да ги испрашуваат пријателите на исчезнатиот Матеј Периш (27) по кој се трага веќе 18 дена.

Како што се наведува, пријателот на исчезнатиот Сплиќанец раскажал две верзии од приказната.

Откако делегацијата на хрватската полиција минатиот вторник се вратила од Белград и направиле оперативни разговори со колегите од полицијата во Србија, договорено било дека ќе бидат направени разговори со пријателите на Матеј.

Тогаш тоа го најавил Антониот Геровац, помошник на главниот началник на полицијата и началник на Управата за криминалистичка полиција.

„Доколку биде потребно, еден, два, седум разговори ќе направиме со пријателите на Матеј Периш“, изјавил Геровац, додавајќи дека полицијата спроведува уште некои активности поврзани со телефонот на исчезнатото момче.

Геровац не открил сè што ќе преземе полицијата, но целосно сигурно повторно ќе провери сè, од нивното патување до Белград, престојувањето во Белград, заминувањето на Матеј од ноќниот клуб „Готик“, до пријавата во полиција дека исчезнал.

Шесте пријатели на Матеј биле испрашани на 3 јануари по што се вратиле во Сплит и одбиле да дадат било каква изјава за медиумите.

По нивното враќање биле позитивни на коронавирус, а сега по престанувањето на самоизолацијата биле повикани на испрашување во Сплит. Биле испрашувани во својство на граѓани поради давање изјави, а како што веќе беше кажано претходно, ниту на било каков начин не се доведуваат во врска со исчезнувањето на Матеј. Сите тие биле ставени и на полиграфско тестирање со што го поминале „детекторот на лаги“, но можно е и по испрашувањето во Сплит повторно да бидат ставени на истиот тест.

Тие на истиот не мора да се согласат, ниту пак резултатите од тестот можат да се користат како било каков доказ, но можат да бидат индиција за нешто.

Хрватската полиција целосно сигурно располага со сите изјави кои ги дале на истражителите во Белград и тоа сигурно ќе им биде насока при испитувањето.

Две верзии од тоа што го кажале другарите на Матеј се причина за заминувањето на момчето од клубот „Готик“. Според едната, тоа било одење во тоалет, но тие физички не виделе кога Матеј го напуштил клубот, а втората е дека не ја знаат причината за заминувањето на момчето.

Тоа сигурно е нешто што полицијата треба да го расветли и секоја евентуална нелогичност во нивните искази, полицијата ќе се труди да ги разјасни.

Кога станува збор за потрагата во Србија и натаму се пребаруваат Сава и Дунав, а вклучени се и сателити во потрагата. За жал, и натаму нема исход во потрагата која трае веќе 18 дена.

Инаку, таткото на Матеј Периш и натаму е во Белград и е во контакт со истражителите.