Причината за смртта на Метју Пери може да остане неутврдена со недели

Причината за смртта на американскиот глумец Метју Пери ќе биде позната откога Округот Лос Анџелес ќе ја приведе истрагата до заклучок, а тоа би можело да потрае со недели, според соопштението на судските вештаци во Калифорнија.
Пери почина во саботата на 54-годишна возраст. Пронајден е мртов во топла када полна со вода, во својот дом во Лос Анџелес. Обдукцијата е извршена, но инспекторите ги чекаат и резултатите од токсиколошките испитувања за да ја утврдат точната причина за смртта. Причината за смртта, официјално, засега е „неутврдена“, пренесува „Си-ен-ен“.
„Во случај кога причината за смртта не може да се утврди со обдукција, се издава потврда за ‘неутврдено’, сѐ додека не се завршат дополнителните испитувања“, се вели во соопштението на судскиот вештак од Лос Анџелес.
Истрагата треба да покаже дали во неговото тело имало супстанции што би можеле да ја предизвикаат смртта на глумецот.
Ново на Сител
-

Унгарските пратеници се откажаа од 40 проценти од нивните плати
-

Трамп: Во тек е завршната фаза за постигнување договор со Иран
-

Поставени нови 72 знаци и патокази во Национален парк „Пелистер“
-

Кампања за заштита од пожари на Плоштад Македонија
-

Трамп го предупредил Нетанјаху дека Израел може да остане без американска поддршка
-

Евроамбасадорот Рокас во посета на Собранието
-

Сончево и топло
-

Десет милијарди евра во инфраструктурни капитални проекти во наредните 10 години: Владата најавува сериозен развоен потенцијал
