Свет
3. March 2018 - 21:23

При турските напади врз Африн загинаа 36 провладини борци

Најмалку 36 борци на сириските провладините сили се убиени при водушните напади на турската авијација врз курдската енклава Африн, северозападна Сирија, соопшти Сириски центар за мониторинг на човековите права.

Невладината организавија со седиште во Лондон посочи дека воздушните напади биле извршени врз местото Кфар Џана.

Тоа е трето бомбардирање на позициите на силите лојални на сирискиот претседател Башар ал Асад во последните 48 часови.

Турската армија на 20 јануари ја почна операцијата „Маслиново гранче“ и презеде воздушни и артилериски напади врз курдските Единици за заштита на народот во Африн. Курдските Единици за Анкара се терористичка група.