Македонија
28. December 2018 - 10:32

При претрес на возило во Тетово, пронајдени пиротехнички средства

Вчера во 14,15 часот во Тетово на улица „Маршал Тито“ од слобода бил лишен  Д.А.(30) од н.Дреновец, бидејќи при прегледот во неговото возило „Мерцедес“ со тетовски регистерски таблици биле пронајдени и одземени 10.223 парчиња пиротехнички средства. По документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.