Преживувањето во мај било за 6 евра полесно од април
Речиси 50 илјади денари му биле потребни на едно домаќинство да го истурка месецот. Синдикатот пресмета дека во мај вкупната кошничка за 4 члено семејство изнесува нешто над 44 илјади денари, но со вклучената инфлација сумата надминува 49 илјади денари. Половина од парите се трошеле само за храна и пијалоци.
Од Синдикатот велат дека ни со 2 минимални плати не може да се помине месецот.
Поради намалената инфлација во мај, за задоволување на животните потреби на семејствата им биле потребни 380 денари помалку во однос на април. Сепак, трошоците за живот и натаму остануваат високи. Споредено со регионот, највисока инфлација од 15% во април имала Србија. За мај, бројките не се објавени, но се очекува да бидат околу 13 отсто. Веднаш зад нив е Македонија со 11%, додека Хрватска и Албанија имаат едноцифрена.
Справување со инфлацијата и растот на цените на храната ќе биде предизвик за сите земји, наведува и Светска Банка во најновиот Извештај. Според нив, таа ќе остане висока и до крајот на 2024-та година и покрај растот на каматите на централните банки. Креаторите на политиките треба да бидат исклучително агилни да се справат со ризиците кои произлегуваат со таквите зголемувања на каматите, бидејќи растот се намалува, а инвестициите паѓаат.
Особено ранливи се малите земји со ниски примања, каде владите имаат мал фискален простор да се справат со евентуално нови економски шокови. Инаку Свестка Банка очекува годинава економскиот раст во светот да забави и до достигне 2,1 отсто, наспроти ланските 3,1.
За нашата земја, прогнозите се дека економија ќе порасне 2,4 отсто, а следната ќе забрза на 2,7%.
-
Наташа Мерсовска
Сите содржини од овој новинар