-->
-->
Преживеал сообраќајка, го убила сопругата која дошла да го спаси
-->
Еден 54-годишен Французин навистина немал среќа, преживел тешка сообраќајна несреќа, но еден час подоцна, неговата жена го убила со својот автомобил.
Мажот загубил контрола врз својот автомобил на една кривина во близина на францускиот град Карвила, по што завршил во бездна превртувајќи се неколку пати со возилото во кое била и неговата 16-годишна ќерка. Сепак, поминал со полесни повреди, па ѝ се јавил на сопругата да дојде по него.
Жената која брзала кон својот сопруг и ќерката, излетала на истата кривина и со својот автомобил го прегазила мажот кој починал на самото место.
Жената и нејзината ќерка со полесни повреди се префрлени во болница.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
СДСМ ја кандидира Каја Шукова за градоначалник на Скопје
-
Тема на денот со Горан Марковски, декан на Градежниот факултет
-
СДСМ ја кандидира Каја Шукова за градоначалник на Скопје
-
Вештачката интелигенција од септември ќе се применува во средните училишта во Македонија
-
Детска болница Козле доби вода
-
Болницата во Козле и денеска без вода – од Водовод велат проблемот е на болницата, не нивен
-
Продолжен рокот за пријавување на волонтери за гаснење пожари