Бизнис
22. September 2017 - 8:36

Презентација на работата на фабриката за автобуси САНОС

Во фабриката  за автобуси САНОС за денеска е најавена прес-конференција на која ќе бидат презентирани факти за, како што соопшти раководството,  „успешноста и начинот на работењето на овој капацитет, а како одговор на фабрикуваните клевети и нарачани лажни вести од одредени медиуми и партијата ВМРО- ДПМНЕ“.
 
Сопственикот на САНОС Славе Распашковски вчера ги демантираше информациите од ВМРО-ДПМНЕ од каде излегоа со став оти постои основано сомневање дека преку САНОС се врши криминал со перење на пари и неоснован поврат на ДДВ, како и дека фабриката има само тројца вработени.