Македонија
18. April 2018 - 8:46

Презентација на проект за зајакнување на граѓанскиот сектор

Здружението за акција против насилство и трговија со луѓе - Отворена порта Ла страда, ќе го промовира проектот Стратешки партнерства за развивање на социјална агенда за промени: Препознај, почитувај и остварувај права“ финансиран од Европската Унија. 

Неговото спроведување треба да овозможи зајакнување на граѓанските организации во Македонија, како и нивна можност за  финансирање преку програма за ре-грантирање за поддршка на здруженија на граѓани кои што делуваат во областа на заштитата на човековите права (жени, деца, социјални права, миграција, организиран криминал вклучувајќи ја и трговијата со луѓе и експлоатацијата).