Македонија
8. October 2018 - 10:14

Презентација на потпрограмите Култура и МЕДИА во Штип и Прилеп

Потпрограмите Култура и МЕДИА на програмата на ЕУ „Креативна Европа“ денеска во 11 часот ќе бидат презентирани во општинската сала во Штип, а на 12 октомври во истиот термин - во општинската сала во Прилеп.

Целта на инфосесиите е да се презентираат можностите на програмите преку кои се финансираат проекти во областа на културата и аудиовизуелните индустрии. Програмите ќе ги презентираат Билјана Прентоска, раководител за потпрограмата Култруа, и Бистра Георгиева, раководител на потпрограмата МЕДИА .

Средбите се отворени и наменети се за сите кои работат и се активни во областа на културата и аудиовизуелниот сектор (приватни компании, невладини организации, институции, иницијативи и поединци).

Повеќе информации за потпрограмите се објавени на веб-страницата www.ced.mk, како и на фесјбук-страницата MEDIA Desk Mk.