Македонија
6. December 2019 - 9:28

Презентација на мерката 115 „Активен женски член во земјоделското домаќинство“

Презентација на мерката 115 „Активен женски член во земјоделското домаќинство“ од Програмата за рурален развој за оваа година ќе се одржи денеска во Општина Могила.

На презентацијата ќе присуствуваат министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Трајан Димковски, заедно со директорот на Платежна агенција Николче Бабовски и градоначалничката на Општина Могила Јасмина Гулевска, во присуство на жени земјоделки од тој регион.

На настанот бидат објаснети чекорите и критериумите за доставување на барања по јавниот повик за мерката 115, кој се уште е активен, а крајниот рок за доставување на барања завршува на 26 месецов, соопшти МЗШВ.