Бизнис
27. November 2015 - 8:33

Презентација на кредитна линија на ЕБРД за мали и средни претпријатија

Презентација на кредитна линија на ЕУ/Европска банка за обнова и развој: Мали и средни претпријатија - Програма за поддршка на конкурентноста ќе се одржи денеска во Скопје.

Обраќање на настанот се очекува да имаат претстваници на Владата, на ЕБРД и на Делегацијата на ЕУ во Македонија.

Предвидено е и доделување благодарници на банките и признанија за наградените проекти на претпријатијата учесници во Програмата.