Македонија
13. July 2015 - 8:39

Презентација на два проекта од правосудниот систем

Центарот за правни истражувања и анализи од Скопје денеска ќе презентира два проекта поддржани од страна на Британската амбасада што се спроведуваат во текот на оваа и следната година.

Ќе бидат претставени проектите „Поддршка за воспоставување на унифицирана судска пракса во македонскиот правен систем“ и „Развивање на индикатори за мониторинг на перформансите на правосудскиот сектор“.

На настанот најавено е присуство на британскиот амбасадор Чарлс Гарет, министерот за правда Аднан Јашари и на претседателката на Центарот за правни истражувања и анализи Лидија Стојкова - Зафировска.