Македонија
2. October 2018 - 10:40

Превртено возило со 13 мигранти на автопатот Градско-Велес

Возило се превртело на автопатот Градско-Велес утринава околу 6.30 часот,  во кое биле пронајдени 13 мигранти, од кои двајца повредени, информираше Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.

- Патничко возило  „рено еспејс” со струмички регистарски ознаки, управувано од непознато лице, удрило во заштитната ограда и се превртело. По незгодата, возачот побегнал од местото, а во возилото биле пронајдени  13 мигранти од кои двајца биле повредени, појасни Додевски.

Тие биле пренесени во Општата болница Велес, а поради карактерот на повредите биле префрлени во комплексот клиники „Мајка тереза“ во Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, а увид на местото извршила екипа од СВР Велес.