Македонија
26. September 2016 - 9:48

Претстваници на МАЕИ на средба со градоначалникот на Булќиза

Делегација на единствената македонска партија во Албанија, Македонска алијанса за европска интеграција,(МАЕИ) предводена од Васил Стерјовски, генерален секретар и Едмонд Османи претседател на разгранокот за Голо Брдо имале средба со градоначалникот на општина Булќиза, Мелаим Дамзи.

- На средбата се разговараше за состојбата во областа Голо Брдо,  една од најнеразвиените во Албанија. Двете општини од оваа област, Требиште и Острени, населени со македонско население,со новата територијална поделба  се припоија кон општина Булќиза, изјави Османи  денеска за МИА.

Според него, преставниците на Македонска алијанса за европска интеграција побарале од градоначалникот Дамзи општина Булќиза да се ангажира за подобрување на условите за живот во областа на Голо Брдо.

- Од градоначалникот побаравме конкретни инвестиции во патната инфраструктура, водовод и канализација во областа на Голо Брдо. Исто така побаравме оптштина Булќиза да ги искористи и ИПА фондовите за меѓугранична соработка и со некоја општини од Република Македонија да аплицираат со некој проект кој би се реализирал во Голо Брдо, додава Османи.

Стрејовски и Османи претходно имале средба и со жители на повеќе села од областа со цел одблиску да ги слушнат нивните проблеми.