Џет-Сет
26. May 2017 - 8:39

Претставник на Црна Гора прогласен за најлошо облечен претставник на Евровизија

Наградата Барбара Декс за најлоша модна комбинација на Евровизија оваа година ја доби претставникот на Црна Гора, Славко Калезиќ.

Иако не се пласираше во големото финале, ексцентричниот претставник на Црна Гора беше впечатлив во првото полуфинале и неговиот настап и стајлинг не поминаа незабележано.

Славко имаше облечено проѕирна маица и долго сино здолниште што го соблече на почетокот на настапот, по што остана во сјајни панталони. Во центарот на вниманието беше и неговата долга плетенка која го надополни стајлингот.

На второ и трето место се најде групата Триана Парк, која беше претставник на Летонија и претставничката на Чешка Мартина Барта.

Оваа година, организатор на доделувањето на наградата Барбара Декс беше белгиската страница songfestival.be.

Изборот за најлоша комбинација се одржува од 1997 година, а наградата е наречена по белгиската претставничка на Евровизија во 1993 година, Барбара декс. Таа носеше фустан кој сама го дизајнирала и поради која беше исмеана.