Македонија
12. April 2016 - 9:12

Претставата „Набуко“ од Верди во МОБ

Македонската опера и балет вечер ќе ја изведе популарната претстава „Набуко“ на Џузeпе Верди на која ќе настапи домашна солистичка екипа и еден гостин.

Главните улоги ќе ги толкуваат: Ристе Велков, насловната улога, Павлина Новакова-Георгиев, улогата на „Абигаила“, Никола Стојчевски ќе настапи како „Исмаел“, „Фенена“ ќе ја толкува, Николина Јаневска, додека улогата на „Захарие“ му е доверена на гостинот од Србија, Драгољуб Бајиќ.

Во останатите улоги ќе настапат, Диме Петров, Марија Наумовска и Зоран Даскаловски. Диригент е Иван Еминовиќ.

„Набуко“ е едно од најпопуларните дела на Џузепе Верди и е омилено кај публиката.