-->
  
  
  
  
	-->
  
  Претставата „Љубовникот“ пред кичевската публика
  
-->
  
  
Во рамки на манифестацијата „Топол културен бран 2016“, Албанскиот театар од Скопје синоќа пред кичевската публика ја изведе  театарската претстава „Љубовникот" од Харолд Пинтер, во режија на Бесфорт Идризи.
Во претставата, напишана во 1962 година се претставува контрастот меѓу буржоаските семејни односи. Пинтер ја води публиката да верува дека постојат три ликови од драмата: жена, маж и љубовник. Но, се открива дека љубовникот, кој доаѓа во попладневниве часови е всушност самиот сопруг, кој глуми улога на љубовник. Претставата се занимава со желбата за бегство од реалноста и неможноста тоа да се направи на друг начин, освен преку преправање и играње други ликови. Љубовникот е камерна претстава фокусирана на играта на актерите и состојбата на ликовите кои ги толкуваат.
Во рамки на летното претставување, Албанскиот театар од Скопје претходно ја изведе претставата „Љубовникот“ во Скопје и во Струга.
  
-->
  
  
  		
		-->
  
	
  
		-->
  
	Ново на Сител
-   
          

Извештај на ЕК: Македонските власти продолжија да работат на спроведување на реформите
 -   
          

Откриена спомен-биста на Илија Димовски - Гоче во Алејата на великаните на на градските гробишта Бутел
 -   
          

Тешко повреден малолетник во автобус на ЈСП поради нагло кочење
 -   
          

Почина поранешниот американски потпретседател Дик Чејни
 -   
          

„Политико“: Македонскиот пат кон ЕУ останува попречен од историскиот и јазичниот спор со Бугарија
 -   
          

Ужас во Скопје: 46-годишник си ја силувал својата малолетна ќерка
 -   
          

Затвореник од Идризово со туѓа лична карта извадил седум брзи кредити во седум финансиски друштва
 -   
          

Останува да се разгледаат уште седум од пристигнати 25 претставки за непотребно извршени интервенции на срце
 
