Свет
9. јуни 2016 - 9:17

Претседателскиот дуел меѓу Клинтон и Трамп започна со низа медиумски изјави

Клинтон го обвини Трамп дека се однесува како демагог и ги поврза неговите вербални напади врз судиите, новинарите, противниците и нивните семејства со најмрачните моменти од светската историја. 

- Тоа е класично однесување на демагог, истакна Клинтон во интервју за „Асошиејтед прес“, пренесува БТА.

- Сме го гледале тоа многу пати на многу места во светот и затоа мислам дека е толку многу опасно, објасни таа. 

- Клинтонови искуството со политика го претворија во лично богатење, изјави Трамп, откако ги доби прелиминарните избори во последните пет држави од републиканците. 

- Тие искрадоа стотици милиони долари, продавајќи пристап, услуги и јавни набавки, додаде тој. 

Клинтон одговори на тоа обвинување, велејќи дека е горда на нејзината семејна фондација и со завршената работа. 

- Парите кои се дадени во фондацијата, одат за хуманитарни цели, изјави таа и дополни дека воошто не обрнува внимание на нападите од Трамп наменети за неа. 

Вчера американскиот претседател Барак Обама истакна дека претседателските избори не се реално шоу туку сериозна работа, јави ДПА.