-->
-->
Претседателски избори во Словенија
-->
Словенците денеска гласаат на претседателски избори на кои социјал-демократот Борут Пахор се надева на победа уште во првиот круг. Пахор има значителна предност на анкетите пред градоначалникот на Камник, актерот Марјан Шарец и Романа Томц од конзервативната партија СДС.
Во пресрет на изборите, Пахор се соочи со силна критика од својот некогашен политички ментор, Милан Кучан, кој го обвини Пахор дека ја девалвирал улогата на претседател со својата неангажираност. Кучан особено го обвини Пахор дека го премолчел скандалот со перење ирански пари во НЛБ банката.
Околу 1,7 милиони граѓани имаат право на глас. Пахор беше премиер на Словенија од 2008 до 2012 година, кога првпат беше избран за претседател.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Последен работен ден за пратениците од овој состав
-
Информативен ден на НАТО програмата „наука за мир и безбедност“
-
Мисија на УНЕСКО во Охрид
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Филип Рикер, поранешен амбасадор на САД во Македонија
-
„Алкалоид“ пушти во употреба нов светски погон за производство на лекови вреден 19.4 милиони евра
-
Четири години Македонија членка на НАТО
-
Гир: Не е точно дека ЕУ не ја сака Македонија, членството е лесно достижно