Претседателот Пендаровски на 76 сесија на Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк
Претседателот на Република Македонија, Стево Пендаровски, од денеска – 20 септември 2021 година, понеделник, ќе престојува во работна посета на Соединетите Американски Држави, по повод учеството на 76. сесија на Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк.
Претседателот Пендаровски на 23 септември 2021 година, четврток, ќе се обрати на Генералната дебата на 76. Сесија на Генералното собрание на Обединетите нации, што се одржува на тема „Градење отпорност преку надеж - опоравување од Ковид-19, одржливо обновување, одговор на потребите на планетата, почитување на правата на луѓето и ревитализација на Обединетите нации“.
Во рамки на учеството на Генералното собрание на ОН, предвидено е претседателот Пендаровски да оствари средба со Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, како и билатерални средби со шефови на држави и влади, учесници на Генералното собрание.
Претседателот Пендаровски во Њујорк ќе учествува на Виртуелниот глобален самит за борба против Ковид-19: Крај на пандемијата и закрепнување, како и на 20. Состанок на високо ниво во организација на Меѓународниот центар Низами Ганџави на тема „Што значат мирот и стабилноста во 21. век?“.
Во рамки на активностите во Њујорк, предвидено е претседателот Пендаровски да оствари средби со извршната директорка на УНФПА, Наталиа Канем, како и со претставници на дијаспората.
Претседателот Пендаровски ќе оствари средби со претставници на Македонија2025 и со претставници на Американско-еврејскиот комитет во Њујорк.
За време на посетата, претседателот Пендаровски ќе биде придружуван од сопругата, Елизабета Ѓоргиевска, која ќе се обрати на настанот на високо ниво посветен на одбележувањето на 30 години од глобалната 16-дневна кампања против родово-базираното насилство, ќе одржи предавање на Стоматолошкиот факултет при Универзитетот Колумбија и ќе го посети училиштето за деца со посебни потреби Jesse J. Kaplan.
Ново на Сител
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација
-
Претседателски избори 2024: Утре први гласаат членовите на ИО кои ќе ги спроведат изборите во дијаспората