Балкан
26. April 2017 - 20:50

Претседателот на Грција му подари на Советот на Европа биста од Александар Велики

Претседателот на Грција, Прокопис Павлопулос се обрати во Парламентарното собрание на Советот на Европа, и притоа на на Советот на Европа му подари биста на Александар Велики, јавува дописникот на МИА од Стразбур. 
 
Павлопулос беше најавен со комплименти пред говорот во ПССЕ:„Покажавте великодушност, мултукултурен дијалог и почит“, а тоа се однесуваше на справувањето на Грција со илјадниците бегалци.
 
Говорот на Претседателот на Грција, Прокопис Павлопулоспред ПССЕ беше повеќе академско предавање за демократијата, отколку за реалните проблеми со кои се соочува неговата земја. Но, во говорот меѓу редови имаше неколку важни пораки. А една од пораките беше и подарокот кој Грција му го дава на Советот на Европа, копија од статуа на Александар Велики.
 
„Од името на Грција и на грчкиот народ, сакав да го донесам овде како подарок, како сигнал од Грција Александар Велики. Не за да ви кажам дека Александар е голема личност за таа епоха, туку за да ви кажам дека грчката цивилизација останува иста.
 
Ние Грците, никогаш не водевме освојувачки војни.Никогаш. Ние секогаш сме во одбрана на нашата независнот и нашиот суверенитет. Па дури и грците кои водеа освојуавање , бидејќи тие сакаа да зборуваат со други цивлизиации. Тоа беа освојување и експанзија на нашата цивилизација и говор на цивилизацијата.
 
Во овој немирен период ние знаеме колку соработката и соживотот на цивилизациите е динствената можност да се воспоставиме  мирот насекаде во свето, Алекснадар Велики тоа го покажа. Има споменици кои го покажуваат  тоа, колку Грците веруваа во цивилизациите и кои елементи можат да помогнат на човештвото да се оди нананперед. Тој симболизам кој грчкиот народ и јас лично, сакам да го одбележам со носењето во СЕ на оваа статуа на Александар Велики и се надевам дека во овој тежок момент, овај мал и симболичен подарок ќе го инпирира советот на Европа да ја исполни својата мисија, рече грчкиот претседател, кој зборуваше на француски јазик.
 
Торбјрон Јагланд се заблагодари за подарокот, и рече дека „Александар Велики не му припаѓа само на грчкиот народ, туку на целиот свет“.