Претседателот на Бугарија ја поддржа европската перспектива на балканските земји
Бугарскиот претседател Румен Радев изрази поддршка за пристапувањето на земјите од Западен Балкан во ЕУ доколку тие ги исполнуваат условите за членство, и истакна дека тоа ќе ја засили регионалната безбедност, пишува грчкиот весник „Катимерини“.
Радев, кој стапи на должност како претседател во јануари, изјави дека неговата посета на Грција има симболично значење, пренесува БТА.
За време на првата посета на земја од регионот, Радев истакна во интервју за „Катимерини“ дека посетата е „важна политичка порака, која изразува желба односите меѓу двете земји да продолжат да се развиваат и продлабочуваат во сите сфери од взаемен интерес врз основа на споделените вредности“.
Прашан за претходни несогласувања меѓу двете земји, Радев посочи дека е важно да се гледа напред. - Минатото е ценет учител, но кој гледа назад премногу често, се изложува на ризик да се препнува и паѓа“, изјави бугарскиот претседател.
Ново на Сител
-
Роналдо започна преговори со Ал-Наср за продолжување на договорот
-
Претреси во Охрид поради лихварство и изнуда, приведено едно лице
-
ИДФ: Во нападот во Бејрут убиен уште еден командант на Хезболах, Набил Каук
-
Конкурсите за поддршка на проекти од културата ќе бидат објавени утре, новини во начинот на финансирање
-
Сообраќајка на две товарни возила, во прекин сообраќајот на магистралата Куманово - Крива Паланка
-
САД наредија дел од нивните вработени во Амбасадата во Бејрут да го напуштат Либан
-
Претрес во Тетово, пронајдена дрога
-
Анкета: Криминалот и корупцијата најголем проблем во државата, ВМРО-ДПМНЕ со зголемена доверба споредено со парламентарните избори